Местенка на ФИФА уште на стартот - објавен резултатот на мечот меѓу Бразил и Хрватска

 

Вечерашниот почеток на 20-от Мундијал што ќе се одржи во Бразил, ќе стартува со мечот меѓу домаќинот и Хрватска, а ќе се игра на „Коринтијанс Арената“ во Сао Паоло.

Мечот започнува во 22 часот по македонско време. Фудбалската магија уште не ни започна а ФИФА направи неверојатен лапсус, откако на својата официјална интернет страница го објави резултатот.

Според ФИФА, пресметката меѓу Бразил и Хрватска веќе се одиграла и завршил со  резултат 2-2.

ФИФА својата грешка експресно ја исправи и го избриша резултатот од својата страница.

12.06.2014 - 13:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега