Подгответе си вкусна летна бајадера

Сите сакаме бајадера, а сега кога ни доаѓа летото, може да си направите вкусна летна бајадера, која ќе ве воодушеви со својот вкус.

За подготовка ви се потребни: 1л. млеко, 200грама шеќер, 250грама маргарин, 150 грама гриз, 1,1/2 лажици какао, 1 ќесичка ванилин шеќер, сок од лимета, 300 грама бисквити.

За подготовката:

Ставете го млекото заедно со шеќерот да се вари во едно тенџере. Откако убаво ќе се загрее, додадете го маргаринот и мешајте повремено додека се растопи и млекото да зоврие. Тргнете кратко на страна, додадете го гризот и вратете повторно да се вари на умерена температура. Мешајте цело време додека се свари гризот и додека да добиете густа каша.
Смесата поделете ја на два еднакви дела. Во едниот дел ставете го какаото и убаво промешајте. Во другиот дел ставете го сокот од лиметата и ванилиниот шеќер и промешајте.
Во правоаголна тава со димензии 30*20 наредете еден ред бисквити. Врз нив нанесете го топлиот какао фил. Повторно наредете еден ред бисквите, па нанесете го светлиот фил. Врз него ставете усте еден ред бисквити.

Оставете да се излади на собна температура и уживајте!

12.06.2014 - 13:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега