Скопјани ќе се спасат од досадните комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе изврши втор наврат од авионската и терестичната дезинсекција во 2014 година, против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје. 

Aеросолната дезинсекција (авионска) на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од претстојниот викенд, односно на 14.06.2014 (сабота) и 15.06.2014 (недела), во период од 05.30 до 08.00 часот.Терестичната аеросолната дезинсекција, пак, ќе се одвива во деновите од 15.06.2014 до 19.06.2014 (од недела до четврток), во период од 23.00 до 03.00  часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. 

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

 

12.06.2014 - 13:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега