Еве за кој ќе навива премиерот Груевски на СП во Бразил

 

Аргентина и Германија се фаворитите на Премиерот Никола Груевски на престојното светско првенство во фудбал. Тој за Press24 вели дека поради обврските нема да има многу време за фудбал и дека ќе се обиде да фати барем дел од финалните натпревари

„Нема да имам многу време да гледам фудбал имајќи ги предвид обврските. Можеби некои делови од неколку натпревари, евентуално финалните натпревари и тоа ќе биде се. Не можам да прогнозирам кој ќе победи, нема да навивам посебно за никого, како фаворити ми се истакнуваат Аргентина и Германија“ - вели Грувевски.

Останатите министри веќе си имаат свои фаворити. 

Миле Јанакиевски ќе навива за Аргентина и Португалија, Диме Спасов за Бразил, Зоран Ставрески за Холандија а Иво Иванвоски за Германија.

12.06.2014 - 12:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега