Од славење заминале во смрт - тинејџери паднаа од 60 метри висина
Трагедија го потресе светот. Момче и девојка кои решиле да се препуштат на страстите, за жал заедно заминаа во смрт. Се работи за 19-годишната Анастасија Тулук и нејзиното момче со кое заедно оделе во училиште, кои славеле бидејќи ги положиле сите испити. За жал, славењето се претворило во трагедија кога додека двајцата страсно се бакнувале на терасата на една зграда во Лондон, девојката се лизнала, а момчето сакајќи да ја дофати и спаси, паднало со неа.
Парот паднал на висина од 60 метри. Сведок на настанот вели дека се смееле и биле многу радосни, а потоа се обиделе и да имаат секс на терасата на висококатницата.
- Сакаа да имаат секс. Се бакнуваа и момчето ја стави на оградата. Се прегрнуваа и лулаа кога девојката загуби контрола и падна. Момчето сакајќи да ја фати падна со неа, вели сведокот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа