Граѓаните на Ѓорче Петров ги кажаа своите идеи

Завршија отворените денови за граѓаните во Општина Ѓорче Петров , голем број на граѓани имаа можност секој вторник и четврток да се обратат до Градоначалникот Сокол Митровски и началниците на секторите во општината.

 - Интересот кај граѓаните беше голем , граѓаните освен  проблемите со кои се соочуваат  во голем дел ги изнесуваа и своите идеи, предлози и мерки од сите сфери кои се во надлежност на локаланата самоуправа. Сметам дека дирекните средби со граѓаните се единствен предуслов за успешна работа, истакна Градоначалникот на општината, Сокол Митровски.

Голем дел од граѓаните се интересираа и за прашања врзани со урбанизмот, патната инфраструктура, легализацијата на бесправно изградените објекти, канализационата и водоводната мрежа.                                                                           

Локалната самоуправа останува отворена за граѓаните на општината Ѓорче Петров секој Вторник  од 09.00 часот .                                                                                               

12.06.2014 - 11:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега