Туна салата со макарони
Овој оброк е идеален за појадок или како вечера, а за подготовка нема да потрошите повеќе од 30 минути
Конзервираната туна е достапна во сите маркети. Се приготвува на различни начини, а ние денеска Ви препорачуваме да подготвите туна салата со макарони. Ова јадење содржи малку калории, а е идеално за вашиот појадок или вечера.
Како подготовка ги ставате макароните да се варат во зовриена вода. Ви препорачуваме да користите макарони во поситна форма, а за оние кои внимаваат на диеталната исхрана им препорачуваме интегрални макарони.
Додека макароните се варат, подгответе ја салатата од туна: ситно исецкајте млад кромид и малку лук. Исецкајте и неколку маслинки на кругови, а по желба можете да додадете и ситно исечени парчиња кисели краставички и шери домат. Туната извадете ја од конзервата, исцедете ја и потоа иситнете ја со вилушка. На туната додајте и сол, бибер и измешајте ја со претходно подготвените млад кромид, лук и маслинки.
Сварените и процедени макарони ги ставате во сад за јадење во кој ја додавате салатата од туна. Мешате додека состојките не се соединат. На крај одозгора додавате маслиново масло.
Поставете ја масата и уживајте во вашиот здрав и хранлив оброк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа