ФОТО: Летна покрив од четирикатница во Дојран

Силното невреме кое вчера го зафати Дојран и околината, предизвика големи штети. Според информациите на Утрински Весник, силниот ветер го откорнал лимениот покрив на четирикатница во Нов Дојран. За среќа нема повредени, иако делови од покривот пролетале преку патот кој води кон границата со ГРција.

ОД невремето настрадала и камбанаријата на црквата „Свети Ѓорѓи Великомаченик“ во Нов Дојран. Камбанаријата била целосно уништена од удар на гром. Според отец Ѓорѓи, штетата е огромна, пренесува Утрински.

За само четириесетина минути, во Дојран наврнале дури 50 литри дожд на метар квадратен. Ветрот дувал со брзина од сто метри на час. Патниот сообраќај меѓу Дојран и селото Николиќ бил во прекин повеќе од три часа.

 

12.06.2014 - 10:07
Фото: 
Utrinski
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега