Почнува фудбалската магија - подгответе се за 20-от светски Мундијал
Во земјата на самбата вечерва „Кариоките“ и „коцкастите“ ќе го отворат 20.от Светски фудбалски Мундијал. Мечот меѓу домаќинот Бразил и Хрватска почнува во 22 часот, а вљубениците на фудбалот до 13 јули кога ќе завршат сите 64 мечеви ќе бидат залепени за телевизорите во исчекување да го дознаат најдобриот од 23 земји кои летово ќе учествуваат во најголемата споредна работа на светот.
Победникот со себе ќе го понесе вредниот трофеј тежок 1,8 килограми злато, чија вредност на пазарот е измерена во висина од 10 милиони долари.
Постојат осум групи, по четири репрезентации во секоја од нив. Понатамошен пласман обезбедуваат најдобрите во две во секоја од групите.
Мечевите ќе се играат во 12 градови, на стадиони од кои најмалиот е со капацитет од 38 илјади, а најголемиот 75 илјади гледачи.
Реновирањето и изградбата на 12.те храма ги чинеа домаќините високи 3,6 милијарди долари, а вкупно за организација до овој момент проценките се дека Бразил потрошил околу 11 милијарди долари.
Најмногу титули на Светските шампионати има Бразил - 5, следува Италија со 4, Германија има 3, Аргентина и Уругвај по 2, Англија, Франција и Шпанија која е бранител на трофејот по еднаш биле на светскиот фудбалски трон.
Единствената репрезентација која настапила на сите шампионати е Бразил, а дебитант е Босна и Херцеговина.
Пред првиот натпревар ќе се одржи церемонијата на Свечено отворање на кое е предвидено да настапи Џенифер Лопез која заедно со американскиот рапер Питбул и Бразилката, Клаудија Лејте треба да ја испеат химната на првенството „We Are One“.
Мотото на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за најголемиот фудбалски настан е „За играта, за светот, за сите во еден ритам“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа