Починал зад воланот па предизвикал сообраќајка - две жени во болница

Страотна сообраќајна несреќа утрово се случила во Белград. Околу 8 часот две жени биле итно пренесени во болница, додека маж починал на местото на настанот.

Засега не е познат идентитетот на загинатиот кој бил на возраст од 70 години. Според неофицијалните податоци на српскиот Курир, старецот починал зад воланот, па откако загубил контрола, предизвикал сообраќајна несреќа и ги повредил двете жени на возраст од 49 и 47 години.

12.06.2014 - 09:15
Фото: 
а1.он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа