Возел пребрзо и имал алкохол во крвта - детали за момчето кое ги однесе во смрт студентите од Србија

21-годишниот Деспот Враниќ кој ја зави Србија во црно „летајќи" со своето Ауди со брзина од 160 километри, при што однесе во смрт три млади животи, според податоците на српскиот Ало, освен што возел со три пати поголема брзина од дозволеното, имал и 1,341 промили алкохол во крвта, вечерта кога се случи кобната несреќа.

Во Судот во Нови Сад, младото момче кое ги усмрти Александар, Владица и Милица, се бранеше со молчење, бидејќи како што пренесува српскиот портал Ало, не можел да зборува од силните болки кои ги трпел. Инаку, тој се здобил со повреди на окото, колкот, поради што не може да ја движи десната нога.

Обвинителството предложи домашен притвор, а за делото кое го направи, на младото момче му се закануваат и до 10 години затвор.

За потсетување, вчера Србија беше скршена од болка и тага и се прости од студентите кои отидоа заедно во смрт. Несреќата се случи викендов кога Враниќ возејќи со 160 километри на час, со своето Ауди, удри во автомобилот на Александар, Владица и Милица, при што зажал тие починаа на лице место.

Повеќе прочитајте ТУКА.

 

12.06.2014 - 09:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега