Скопје: Генерално собрание на Алијанса на саеми од Централна Европа
Во Скопје денеска ќе почне Генералното собрание на Алијансата на саеми на Централна Европа. На собирот кој ќе трае до 14ти јуни, ќе присуствуваат 20 претставници на саемски организации од 15 држави.
Според организаторот, Скопски саем, Генералното собрание на ЦЕФА 2014 е важен настан од меѓународен карактер кој домаќинот ќе го искористи не само за сопствено успешно претставување, туку и за промоција и достојно претставување на Република Македонија пред меѓународната јавност Ве покануваме на
ЦЕФА - Алијанса на саеми од Централна Европа претставува мрежа на организатори на саемски изложби која овозможува воспоставување на интензивни деловни контакти помеѓу нејзините членки, а со тоа и јакнење на важноста на Централна и Југоисточна Европа за трговските саеми и изложби од меѓународно значење. Скопски саем е член на ЦЕФА од 2002 година.
ЦЕФА брои вкупно 26 членки од кои редовни членки се 23 саемски куќи од следните Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Словенија, Словачка, Црна Гора, Унгарија и Чешка.)
Основната цел на ЦЕФА е во ерата на глобализација да помогне во справувањето со новите предизвици преку решенија кои нудат нови разновидности, отворање нови можности и потенцијали. ЦЕФА вклучува земји од Централна и Југоисточна Европа, и со тоа прави посебен придонес кон европската интеграција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа