Ивановски работно во Берлин

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски денеска и утре ќе учествува на Седмиот европски дијалог за управување и иднината на интернетот во Берлин. Домаќин на настанот е Здружението на германската интернет индустрија, а се одржува под патронат на Федералното министерство за економски работи и енергија.

Ивановски ќе биде еден од главните говорници на дводневниот собир. Тој ќе се обрати во рамките на сесијата со наслов „Насоки за интернет владеење„.

Седмиот европски дијалог за управување и иднината на интернетот ќе го отвори германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер. На настанот ќе учествуваат и Фади Чехаде, извршен директор и претседател на ИЦАНН, Нилс Музникс, комесар за човекови права при Советот на Европа, како и претставници на Европската Комисија, Европскиот Парламент, Телеком Италија, Дојче Телеком, на руската Дума и други.

12.06.2014 - 08:51
Фото: 
Алфа
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега