Се пролеа крв на скопските улици: 12 сообраќајки - 11 повредени

 

Во изминатите 24 часа, на скопските улици се случиле вкупно 12 сообраќајки. Пет од нив се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда со која се здобиле четворица возачи на патнички моторни возила, четворица сопатници и еден велосипедист.

Се случиле уште две незгоди со тешки телесни повреди. Првата се случила во 18:30 часот на ул. „Црниче“ во која учествувале автомобил „цитроен“ со скопски регистарски таблички, зад чиј волан бил скопјанец и мопед со скопски регистарски таблички, управуван исто така од граѓанин на Скопје. Тешки повреди заработил возачот на мопедот.

Втората тешка сообраќајка се случила во 18:50 часот на ул. „Цветан Димов“ помеѓу автомобил „даеву експеро“ со скопски регистарски таблички, управуван од скопјанец и мотоцикл марка „арора“ исто така со скопски регистарски таблички. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.

Се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Сообраќајната полиција вчера открила и казнила 30 возачи кои брзо возеле. Од нив, 25 возачи со возилата се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, а седум возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол. Казни заработиле и 11 возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола и седум возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција во сообраќајот денеска во рамки на своите превентивни активности ќе реализира сообраќајна поука во просториите на Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода со почеток во 19 часот на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возач на велосипед со помошен мотор, мопед и мотоцикл кои направиле прекршок по разни основи.

Исто така, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира и едукативни работилници во детската градинка „Срничка“, објектите „Калинка“ и „Црвенкапа“ „Изворче“, кои се наоѓаат на подрачјето на општина Аеродром.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

12.06.2014 - 08:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега