Кампања за безбедност на мотоциклистите на патиштата

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе најави одбележување на кампања за безбедност на мотоциклиситите.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја прогласи неделата од 16 до 22 Јуни 2014 година како Недела за безбедност на мотоциклистите.

Индикаторите за безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот на патиштата укажуваат на потребата за преземање на една широка и сеопфатна акција за подобрување на нивната безбедност во сообраќајот, сметаат од РСБСП.

Целта на кампањата е подобрување на условите и можностите за рамноправно учество на мотоциклистите во сообраќајот, подобрување на нивната безбедност во сообраќајот, подигање на јавната свест за правилно однесување на мотоциклистите во сообраќајот и подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот за почитување на мотоциклистите како ранлива група учесници во сообраќајот.

На реализација на кампањата работат Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министертство за внатрешни работи, Министерство за локална самоуправа, Агенција за млади и спорт, Заедница на единиците на локалната самоуправа, Град Скопје, Единиците на локалната самоуправа, Светска здравствена организација – Канцеларија во Скопје, Институт за јавно здравје и Мотоциклистичка федерација на Македонија.

12.06.2014 - 08:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега