Физички нападнат вујкото на Али Ахмети
Вујкото на Али Ахмети, Фазли Велиу, во Ваксинце, бил физички нападнат од селскиот организационен одбор за одбелжување на 12 – годишнината од смртта на командант Тигри, објавува Канал 5 повикувајќи се на извори во албанскиот политички блок.
На поменот жителите на Ваксинце инсистирале да нема политичари. Нивната желба не ја испочитувал Фазли Велиу, па така во друштво на пратеникот од ДУИ Реџаил Исмаили биле дел од декорот на годишнината од смртта на командант Тигри.
Неканетиот гостин побарал да одржи говор, тогаш врз идеологот на ОНА скокнале дел од членовите на одборот. Му се нафрлиле и го нападнале, велејќи дека не сакаат да држи говор на годишнината пренесува Канал 5.
Според телевизијата Велиу бил обвинет оти тој како претседател на Здружението на ветерани на ОНА доволно не се грижел за семејствата на загинатите во конфликтот од 2001-та. Го обвиниле дека сака само да се промовира, а ДУИ политички да профитира.