Машала: Падна седмица на лото во Скопје

Вечерашното  47 коло на Новолото кое се емитуваше на Сител Телевизија,  уште еднаш внесе многу возбуда кај играчите, посебно кај еден од нив.  Имено, ова коло ни донесе нов  среќен добитник, овој пат на 7мата премија 7ка вредна 6.000.000,00 денари. Нашиот компјутерски систем лоцираше дека уплатата на среќното Новолото ливче е извршена на 11.06.14 во продажното место  со интересно име БАБКА НОЌЕ во скопската населба Хиподром. 

Добитникот уплатил 10 комбинации во износ од  150 денари, од кои 8мата комбинација е добитната која му ја донесе  вечерашната премија  вредна 6 милиони денари. Добитната коминација во ова коло е : 1, 2, 4, 14, 22, 29 и 32, и дополнителен број 12.

Само за потсетување ова е втора премија 7ка во текот на годинава. Претходно 18тото коло емитувано на 01.03.14 од 20ч. на Сител телевизија ги донесе среќните 7 бројки кои интензивно ги посакуваат сите наши играчи. Нашиот среќен добитник своето среќно Новолото  ливче од ова коло, го уплатил во продажното место Алберто А во скопски Чаир. Според статистиките на Државна лотарија на  Македонија ова беше рекордна вредност на најпосакуваната премија 7ка вредна над 365 илјади евра или фантастични 22.601.966,50 денари.

 

Според статистиката на Државна лотарија на Македонија, по Скопје, град кој најмногу игра НовоЛото 7/34 е Битола, а потоа следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип.

11.06.2014 - 21:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега