Нема зголемување на работното време на локалите за СП Бразил

 

Град Скопје нема надлежност за зголемување на работното време за настани во кои не се коорганизатори. Ова денеска го изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Одговарајќи на новинарско прашање за продолжување на работното време на локалите во центарот на градот поради почетокот на Светското првенство во Бразил, тој посочи дека разговарале со службите за оваа тема: - Го зголемуваме работното време за „Белата ноќ“ и за уште една манифестација, кои се од значење за Град Скопје и каде се јавуваме како организатор или поддржувач, изјави градоначалникот според кој за еднаков третман на граѓаните, сите градови во Македонија треба да го зголемат работното време, а не само Скопје. 

11.06.2014 - 15:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега