Сигурен секс со боите на Бразил- официјалниот кондом на СП 2014

 

Официјалниот кондом на Светското првенство 2014 излезе во продажба за сите жестоки навивачи кои сакаат се да им биде во боите на Бразил.

Целта на кампањата "Protect The Goal" е, како што велат официјалните претставници, да ги "заштитат животите" за време на Светското првенство.

"Светското првенство во Бразил е најсекси турнир било кога, а покрај карневалот и самбата може да се дојде и до промискуитетни ситуации", објави Metro Sport.

Кондомот е направен во класични бразилски бои - жолта и зелена, а производител е "Prudence". На некои се наоѓаат и броеви на дресовите на играчите.

Од компанијата очекуваат дека Светското првенство ќе биде пропратено од голема и жешка, но сигурна љубов.

11.06.2014 - 15:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега