Ердоган најави формирање на огранок и во Македонија

 

На конференција која неодамна се одржа во Истанбул турскиот вицепремиер Хајрула Ислер соопштил дека турската партија на премиерот Ердоган наскоро би требало да формира огранок и во Македонија.

Според оваа информација Партијата на правдата би го засилила своето присуство и влијание во Албанија, Косово - и Македонија.

Ваквиот чекор е дел од проектот за турско ширење и влијание во регионот, како економско така и политичко, кое неодамна беше најавено од турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давитоглу.

Турскиот вицепремиер смета дека во Македонија имаат добра логистика за своите намери, и дека нема да има пречки во остварувањето па поради тоа прво би се отвориле канцеларии во Скопје, Татово, Гостивар, Куманово и Дебар, а потоа и во други градови од Македонија.

 

 

 

11.06.2014 - 14:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега