Морето е лековито- неколку причини зошто и ова лето да изберете море наместо езеро
Море, плажа, капење, лежење на песок, секогаш во лето го бараме морето. Но покрај убавините што
ги нуди, знаете и дека морето е здраво за организмот, а еве и зошто.
Морски воздух: Специфичниот мирис на морето, содржи плин димети сулфид, кој доаѓа од морето. Со самото дишење на морскиот воздух, навечер подобро се спие, затоа што е полн со негативни јони, заради кои полесно апсорбираме кислород, а ова е посебно добро за оние лица кои имаат проблем со дишните патишта. Негативните јони се борат против слободните радикали и го зголемуваат серотон – от (хормон за среќа).
Морска вода: Морската вода, содржи сол која е природен лек и превентива за повеќе болести. Може да заздрави оштетена кожа, како дерматитис. Солта и калциум хлоридод помагаат за заздравување на оштетената кожа. Од англиското здружение на дерматолози, објаснуваат дека морската вода може да бидеблаготворна заради антисептичките состојки, но и заради морските промени, односно, климатските фактори. Сепак после капење во море, туширајте се и секако намачкајте се со млеко, за кожата да остане еластична. Морската вода е позната и по тоа што благотворно делува и на синусите и штити од настинки. Ги отвора дишните патишта.
Сончева светлост: Некои луѓе, начисто се плашат од сончевите зраци, мислејќи дека навистина се штетни. Сепак во дозволени граници се суштински здрави за луѓето, затоа што преку сончевите зраци ја добиваме потребната количинаод витаминот Д, кој пак повеќе делува како хормон, отколку како витамин, затоа што го регулира здравјето на коските, мускулите, имунитетот, расположението...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа