За овие работи не треба да штедите пари кога сте во 20-тите години
Имате 20 и кусур години имате пари а незнаете дали рационално сте ги потрошиле? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да одредите кои работи ви се важни во животот. 20-те се период за живеење на животот до максимум и за откривање на себеси. Тогаш можете парите да ги трошите лично за себе, зашто подоцна животот ќе ви натовари различни обврски.
Купувајте облека
Некогаш ќе видите нешто скапо и можеби ќе се запрепастите од цената, но ако ви се допаѓа и можете да си го дозволите тоа, зошто да не? 20-тите се период во кој го дефинирате личниот вкус и се градите како личност, а облеката е првата работа која го отсликува тоа. На тоа гледајте вака, во иднина кога ќе имате деца, тешко дека ќе можете да застанете пред излог и импулсивно да купите нешто скапо, без притоа да се запрете при помислата дека имате поголема обврска која има приоритет.
Трошете за патувања
Ова е периодот за авантури. Период во кој можете да си дозволите да посетувате места кои сте сакале да ги видите, а за кои можеби во иднина нема да добиете прилика, дали поради немање можности или поради обврски кои нема да можете да ги оставите тукутака.
Гаџети и технологија
Нов компјутер, телефонот кој го посакувате, огромен телевизор на кој можете да гледате филм или натпревар, листата е голема. Гаџетите и технологијата се болест на новото време, но ако ви причинуваат задоволство, зошто би требало да се правдате и да чувствувате грижа на совест?
Не штедете на излегување
Се мислите дали да отидете на забавата на која ве викнале? Па кој ќе плаќа влезница, гориво, пијачка, многу некако... Верувајте ќе дојде време кога ќе молите некој да ве викне за да излезете, но тоа нема да се случи затоа што сите се премногу зафатени или пак нема да можете да прифатите поради истата причина. А и кондицијата за издржување ноќни излегувања опаѓа со тек на време.
Автомобил
Стигнавте до ниво кога земате пристојна плата со која можете да си дозволите отплата на рати за автомобил? Тогаш можеби е време да тргнете во обиколка за да си го купите она што го посакувате. Сонот на речиси секој млад човек обично вклучува автомобил кој може да го нарече свој, наместо да го позајмува оној од родителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа