Кајмакоски си ја отвори душата: Сакам да се заљубам во Македонка!

 

Се уште немам девојка, но кога ќе се вљубам прв ќе објавам на „Фејсбук“ и јавно ќе го кажам тоа. Ова го изјави Даниел Кајмакоски, македонската гордост и победник на Икс-Фактор во интервју за Дневник.

На прашањето дали Македонките имаат шанса да бидат со него, со насмевка на лицето вели - најголема. Тој и колегите од музичкото шоу три часа ја забавуваа нашата публика која комплетно ја наполни салата „Борис Трајковски“. На сцената се качија и Маид Хеќимовиќ, Илма Kарахмет, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Александра Брковиќ, Лукијан Ивановиќ, „Доктори“, Фифи и „4U“. Обожавателите им изјавуваа љубов на младите пејачи. Kајмакоски не можеше да мине ниту еден метар без да му се втрча некое девојче во прегратка

Даниел за Дневник истакна дека најголема трема има кога пее пред македонската публика затоа што чувствува најголема одговорност. Инаку на концертот присуствуваше и таткото на Kајмакоски, Павле, кој допатува од Виена. 



11.06.2014 - 13:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега