„Слушнете го нашиот глас“ - проект за правата на лицата со попреченост

 

Здружението „Отворете ги прозорците“ во партнерство со Центарот за ориентација на заедницата – ЦОД од Србија, денеска го промовираше проектот „Слушнете го нашиот глас“, финансиран од Европска унија, кој има цел да го зајакне капацитетот на организациите на лицата со попреченост за да се креира одржлив механизам за следење на нивните права.

Според заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, предрасудите за попреченоста претставуваат сами по себе попреченост. Европската унија,  како што посочи, не ги дели своите граѓани и зборува подеднакво од името на сите.

- Нашата работа односно промовирањето на асистивната технологија и е-инклузијата, е еден значаен аспект за целосното вклучување на лицата со попреченост во заедницата. Овој проект ќе ни помогне да добиеме вистинска слика за потребите и предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани со попреченост, истакна извршниот директор на Здружението „Отворете ги прозорците“, Владимир Лазовски, пренесе МИА.

Следејќи го меѓународниот принцип „Ништо за нас, без нас“, лицата со попреченост директно ќе учествуваат во активностите на проектот и самите ќе имаат можност да истражуваат и ќе бидат автори на три  извештаи. Активностите ќе почнат со обука на над 30 лица со попреченост на која ќе бидат споделени  методи за собирање информации во секоја од трите клучни области: личните искуства на лицата со попреченост, политиките што ги спроведува државата и медиумската слика  во однос на попреченоста, истакнуваат од Здружението. 

11.06.2014 - 13:15
Фото: 
региони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега