Почнува саемот за младинска работа

 

Денеска во 14 часот во лобито на Конгресен Центар започнува единствениот Младински саем во земјава – простор каде што ќе се презентираат преку 70 младински организации од Македонија и Европа. Ова претставува неповторлива можност за сите млади, студенти, ученици, вработени и невработени на едно место да дознаат најразлични: летни размени, пракси во компании, волонтирање во локалната заедница, обуки за стекнување на нови вештини и многу други.

 

Саемот ќе го отвори Марјан Спасески, директорот на Агенција за млади и спорт на РМ, кои воедно се и поддржувачи на настанот.

Саемот ќе опфати презентирање на најновите трендови во младинската работа и најсовремените начини на функционирање на младинските организации ширум Европа. Ова е единствена можност за стекнување бројни контакти и планирање на слободното време летово, како и среќавање на над 200 млади луѓе кои секојдневно работат на политиките за млади од цела Европа.

Овој саем се случува како дел од дводневната конференција “Look Beyond” (10-11 Јуни) на која се анализира и оценува улогата на Европската програма за млади „Млади во акција“. На денот на саемот на исто место ќе можат да се сретнат претставници од: Македонската национална агенција, Агенција за млади и спорт на РМ, Младинскиот оддел при Советот на Европа, Европската комисија, Партнерство за млади помеѓу ЕУ и Советот на Европа, Европскиот младински форум, SALTO ресурсни центри, како и млади луѓе од 70 младински организации од Македонија и Европа.

 

11.06.2014 - 10:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега