„Ќе те силувам а ако се противиш ќе те убијам!" - малолетник од Србија преживеал хорор
Уште еден хорор деновиве ја потресе Србија. 21-годишниот Томица У. си заработи кривична поради обид за силување на малолетно момче.
Според информациите на српскиот Курир, насилникот кој се возел со велосипед, му го пресекол патот на Н.С. а потоа го фатил за рака и му се заканил. - Сега ќе те силувам, а ако не сакаш, ќе те убијам! Монструмот потоа му наредил на момченцето да си ги соблече тренерките, а потоа ги соблекол и своите панталони.
За среќа, детенцето успеало да се оттргне од грмушките во кои го однел насилникот и да побегне.
За делото кое го направил, на Томица му се закануваат и до 15 години затвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа