„Раке пуке“ отиде на факултет

 

Викај "пожарна" и "Q7" се двете нови песни на Сања Ристеска, кои за многу кусо време ќе бидат готови и пуштени во етер. Сопственичката на хитот "Ме заболе", попознат под називот "Раке пуке", која вели дека кариерата и е на прво место и иако деновиве една интернет-страница објави дека се верила и ќе се мажи, тврди дека тоа засега не и е ни на крај памет.

"Песните се готови, треба само малку аранжмански да се средат. Не отстапувам од мојот стил и овие ќе бидат со провокативен текст. Провокацијата секогаш е потребна, а и сега и младите и старите се ориентирани кон турбо фолк музиката и јас сакам да им го понудам тоа што сакаат да го чујат", вели Сања.

Фолкерката, која 2,5 години живееше во Австралија, открива дека се запишала на музичка академија во Австралија, каде што планира да отиде во септември, а најверојатно и ќе остане подолго за да им се посвети на студиите.

"Ме примија на факултет во Австралија на музичка академија, но сакам да се префрлам на правен факултет. Секако дека паралелно и ќе пеам и нема да ја запоставам кариерата, ќе настапувам низ Австралија и нема да можам често да доаѓам во Македонија", вели Ристеска

 

 

10.06.2014 - 23:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега