Лидерот на „Самоопределување“ во САД агитира за обединување на Албанија и Косово

 

Првиот човек на косовоското националистичко движење „Самоопределување“, Албин Курти, во Њујорк ја изложил идејата за обединување на Албанија и Косово. Според албанскиот печат на средбата говореле потпретседателот на движењето Шпенд Ахмети и американскиот дипломат Вилијам Вокер. Било напоменето значењето на постоењето на суверено Косово и неговото обединување со АЛбанија. 

Весникот наведува дека претставиците на „Самоопределување“, меѓу кои и координаторот на пратеничката група на движењето во косовскиот парламент, Висар Имени, нагласувале дека е неопходна колективна организираност за постигнување успеси. Како пример за тоа го посочиле изборот на првиот албански политичар во Конгресот на државата Њујорк, Марк Ѓонај, кој бил присутен на една од средбите на Курти со емигрантите.  

Курти, според медиумите, неодмна успеа да замине за САД, откако претодно американската Амбасада неколкупати даваше негативен одговор на неговите апликациите за виза. 

најчитано сега