ВИДЕО: Девојката го изневери со неговиот најдобар другар- еве како тој и се одмазди

 

Кејн Зипермен пред извесно време се соочил со една многу непријатна ситуација. Неговата девојка се одлучила да биде неверна, и тоа со неговиот најдобар пријател. Кога Кејн открил, не ѝ вратил со иста мера, но одлучил нивното раскинување да го сподели со целиот свет.

За само еден ден Кејн успеал да собре речиси 70.000 следбеници на Твитер кога го објавил разговорот помеѓу него и неговата бивша девојка.

И додека таа на секој можен начин пробувала да го разнежни и да го врати своето момче, Кејн ѝ одговарал на необичен начин.

„Тоа беше само со едно момче. Те молам... Ми недостигаш! Никој никогаш не ме третирал како ти. Ти буквално си најдобриот и најслаткиот дечко на планетата. Ќе бидеш ли повторно мој?“ гласи една од пораките.

Кога девојката разбрала дека нивниот разговор е поставен на социјалните мрежи, Кејн одговорил „тоа беше само еден твит,“ иронично потсетувајќи ја на моментот „тоа беше само со еден дечко.“

Неа не ѝ било ни малку смешно, но корисниците на Твитер постојано ја поддржуваа идејата на Кејн.

Погледнете...

10.06.2014 - 19:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега