Се преселил во нов дом и се шокирал од писмото кое го пронашол
"Драг читателу, мојата мајка и татко живееле во оваа куќа 15 години, а јас само девет. Тоа е целиот мој живот, а потоа моите родители одлучија да се разведат."
Кога се преселил во новата куќа, корисникот на социјалната мрежа Redit пронашол писмо во својата нова кујна, залепено на фрижидерот, на кое пишувало: "Кој и да го пронајде ова писмо, го замолувам да го отвори. Благодарам".
Тој токму тоа и го направил, а во писмото пишувало:
"Драг читателу, мојата мајка и татко живееле во оваа куќа 15 години, а јас само девет. Тоа е целиот мој живот, а потоа моите родители одлучија да се разведат. Мојата мајка не однесе мене, мојот брат и сестра ми во помала куќа. Мојот татко пак се пресели во друга куќа. Јас многу ја сакам оваа куќа, те молам чувај ја и грижи се за неа, а особено за собата со зелениот тепих. Тука израснав и многу ја сакам."
Како што навел во коментарите, новиот сопственик одлучил да го задржи зелениот тепих во случај момчето некогаш да дојде во посета на куќата. Бидејќи и тој самиот е дете на разведени родители многу тешко му паднало писмото кое го пронашол.
Извор: Точка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа