Македонија ќе претседава со Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик министерот за внатрешни работи Земри Ќамили, учествува на Форумот на МАРРИ (Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци), во Цавтат, Република Хрватска, на којашто учествуваат делегации од Босна и Херцеговина, Република Србија, Црна Гора и Република Албанија, како и претставници на регионални и други организации кои делуваат во оваа област.

На конференцијата, заменик министерот Ќамили во неговото обраќање ги истакнал заложбите на Република Македонија во борбата против илегалната миграција, злоупотреба на визната либерализација, како и решенијата кои ги спроведува кон бегалците и барателите на азил во Република Македонија. Како врвен приоритет, ја нагласил поддршката која Република Македонија ја дава на МАРРИ Регионалната иницијатива  со седиште во Скопје.

На регионалниот Форум, соопшти денеска МВР, македонскиот заменик министер за внатрешни работи го презема од Република Хрватска претседавањето со МАРРИ Регионалната иницијатива. Тој ги претстави приоритетите на Република Македонија за време на нејзиното претседавање од јуни 2014 до јуни 2015 година.

10.06.2014 - 16:07
Фото: 
правдико.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега