Ристовски: Екстерното тестирање заврши без проблеми

Екстерното тестирање заврши без некои позначајни проблеми, а реализирани се околу 370 илјади полагања. За ова денеска информираше министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

- Немаше никакви позначајни проблеми, освен во две или три училишат каде кажавме дека имаше проблем со снабдување на електрична енергија. Благодарение на брзата интервенција на ЕВН се надминаа тие проблеми, појасни Ристовски.те.

Министерот за образование најави дека во наредните неколку дена ќе почне процесот на обработка на целокупните податоци.

- Мораше да се заврши целиот процес на полагање. Приоритет ќе имаат учениците од осмо одделение за да се запишуваат во средните училишта. Како ќе бидат обработени податоците, така ќе биат соопштувани резулатите од екстерното тестирање за секој ученик поединечно, додаде Ристовски.

Учебната година, како што оцени, квалитетно беше спроведена.

- Имаше бројни реформи кои се реализираа во рамки на Министерството за образование и наука. Се надгради системот за водење на електронскиот дневник, системот за водење евиденција на учениците, се спроведе надградување на процесот на екстерното и на целиот софтвер, но и начинот на кој се полага. Првпат се спроведе полагање на екстерно за учениците од завршните години. Се почна со реформи за имплементација на државната матура, рече Ристовски, одговарајќи на новинарски прашања.

 

10.06.2014 - 15:05
Фото: 
портал
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега