Лукашенко му нудел воена помош на Милошевиќ за агресијата на НАТО

Србија практично веќе живее во ЕУ, со сите страни од каде е опкружена, но може да гради добри односи и со Русија и Белорусија, а се што треба е да пронајде начин на пристап кој нема да го разочара ниту Истокот ниту Западот“, вели претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, кој во среда пристигнува во официјална посета на Србија. 
Во последните четири години, трговската размен меѓу Србија и Белорусија е зголемена за дури четири пати, и достигна 200 милиони долари“, изјави Лукашенко во интервју за денешна „Политка“.

Лукашенко како што изјави се надева дека ЕУ ќе свати дека Србија и Белорусија имаат долга традиција, и дека народите сакаат да соработуваат, па дури и на економски план. 

Тој додаде дека затоа мисли дека не би требало сега да има никакви проблеми, ако ЕУ настапи добронамерно. 

Според неговото мислење, Србија треба посмело да тргне кон Истокот.

„Ги разбирам вашите интереси, разбирам зошто сакате да станете членка на ЕУ, и тоа можеби ќе се случи, но ќе се случи утре, а луѓето сакаат подобар живот денеска“ додал тој. 

Според неговите зборови, во светот доминираат големите земји или заедници, како што се ЕУ, Русија, Америка и Кина. 

Се разбира, тие своите интереси ги остваруваат со разни средства на сметка на помалите, средни и слаби држави. Такви земји како што се Србија, Белорусија или Украина, се како вели тој во заоната на нивните интереси. 

„Јас обично им велам, најверојатно тоа се прво нашите интереси“, изјави Лукашенко, и додаде, дека најважно е да не се создаваат непотребни проблеми“.

Белорусија успеа да остане стабилна држава, затоа што народот не дозволи да се судрат врелите глави. 

На прашањето дали го навредуваат написите на западните медиуми за него, Лукашенко одвори дека не го навредуваат. 

Само ми е жал што со такви методи водат не кон борба, туку војна, вистинска војна на истокот против држава каква што е Белорусија. 

Лкашенко потврди дека во деведесетите години му понудил на Милошевиќ за на Србија и го испорача противавионскиот систем S-300, како помош против нападот на НАТО.

„Најдовме дури и херои пилоти кои беа подготвени да се обидат да неприметно прелетаат до Србија, што беше доста ризична задача“, вели Лукашенко. 

Според зборовите на Лукашенко тоа на крајот не се оствари, затоа што Милошевиќ верувал дека НАТО не може да изврши таква агресија, а подоцна било касно да се префрли S-300 поради воведената блокада. 

10.06.2014 - 14:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега