Нова супер услуга за сите корисници на T- Mobile

Корисниците на Т-Мобиле Македонија од денеска можат да го користат мобилниот  телефон како паричник и преку нивната постпејд сметка. Со новата услуга на компанијата наречена MobyPay може безготовински да се плаќа во такси, ресторани, кафулиња, продавници и во голем број  други продажни места во Македонија, а мрежата постојано се проширува.

Раководството на Т-Мобиле на прес-конференција информира дека услугата  е достапна преку сите модели на мобилни телефони, без дополнителни трошоци и оти користи и врвна заштитна технологија за сигурно и безбедно купување.

- MobyPay  e модерен и едноставен, брз и сугурен начин на плаќање.  Мобилниот телефон веќе не служи само за разговор, туку станува мултифункционална алатка, се во едно, што го прави животот поедноставен, а во крајна линија тоа е и целта на модерните технологии. Со Moby Pay мобилниот телефон добива уште една улога, станува виртуелен паричник, достапен за сите наши корисници, преку сите модели на мобилни телефони. Со MobyPay корисниците добиваат можност повеќе без никаков надомест, рече Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија,  Луковски.

Сумата за направената трансакција се додава на телефонската сметка, а месечниот  лимит се одредува во зависност од кредитниот рејтинг на корисникот. Во зависност од потребите корисниците можат да изберат MobyPay Easy до 300 денари по трансакција или MobiPay Standard  до 1.000 денари по трансакција. Отсега корисниците ќе можат да користат мобилно плаќање преку постпејд сметката до 6.000 денари без да одат во банка.

10.06.2014 - 12:39
Фото: 
фактор
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа