Косовец се обидел да ги измами македонските цариници - еве како

Косовски државјанин се обидел да ги измами цариниците, но не му успеало. Според податоците од полицијата, се работи за 23-годишниот Б.А. кој на Граничниот премин „Богородица“, при влез во Македонија, се обидел да ги измами полициските службеници кои вршеле контрола на неговиот автомобил.

Било утврдено дека косовскиот државјанин на бројот од шасијата имал вградена метална плочка со фалсификуван број,  а откако е отстранета металната плочка е утврдено дека оригиналниот број на шасијата не одговара со бројот на шасијата во сообраќајната дозвола. Исто така, во возилото е пронајдена и марихуана помешана со тутун. 

На младиот Косовец му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

10.06.2014 - 12:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега