Збогум легендо - збогум Драган Б. Костиќ

Денеска, по точно 23 години, ќе престане да се емитува емисијата „Заборави ако можеш” на Македонското радио, Радио 2 со Драган Б. Костиќ. Радио легендата Костиќ, денес полни 64 години, и според законот треба да се пензионира. На својот Фејсук профил тој го искажа својот став.
„Забележувам фејсбук петиции за спас на емисијата „Заборави ако можеш“. Им благодарам на креаторите, но изјавувам дека не сум поттикнал ниту една. Бидејќи немав потреба. Одговарав на поставените прашања на поедини медиуми, кои потоа си извлекуваат свои ставови на кои имаат право. Законски е јасно, сум ја исполнил возрасната обврска, а МРТ нема интерес да го продолжи емитувањето на емисиите (и „Заборави ако можеш“ и „Диско селектор“), што е нивно право. Не можам ништо против тоа, освен во догледно време да пронајдам нова фреквенција за истите или некои други радиски проекти. Уште еднаш им благодарам на сите добронамерни кои во медиумската безличност во овие емисии пронаоѓаа оаза. Денеска (10.06.2014) во 17.05, не кријам, но се надевам ќе ја надминам, со доза возбуда која можеби ќе ја наруши мојата емотивна стабилност, за последен пат ќе седнам зад микрофон да ја водам емисијата по 4.661 пат. Не е лесно после преку 12.ооо емисии или преку 15.000 часови пред истиот микрофон, да станеш и да си заминеш. Ќе се обидам,“ напиша Драган Б.Костиќ.

10.06.2014 - 12:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега