Фирмата на Кираца излезе од Фершепд - синовите на Газда Штерјо најголеми акционери

Компанијата „Консалтинг инвестмент син“  не е веќе акционер во компанијата Фершпед, јавува порталот Фактор повикувајќи се на официјални информации од Централниот депозитар за хартии од вредност. Компанијата во која главен акционер беше Кираца Трајковска, како што јавува Фактор веќе е во процес на ликвидација. Оваа фирма беше најголем акционер во Фершепд со вкупен вог од 15,22% од акциите во кои смо Трајковска имала над 10,6%.
Со излегувањето на оваа компанија од Фершепд, најголеми акционери во моментов се синовите на Штефјо, Драган и Сашо Накови кои имаат по 11,04 односно 11,83%
Акциите на Консалтинг Инвестмет син се утше се во  масата на Фершепд, но сега се разделени на помали акционери кои имаат под 5% сопственост со што нема услов нивните имиња да бидат јавно објавени.
Неодамна во медиумите излегоа информации за т.н. акционерска „војна“ за превласт во компанијата меѓу КирацаТрајковска и Штерјо Наков во која Трајковска собираше поситни акционери за да аправи пакет акции со кој би станала најголем акционер во Фершепд. Не се знае, дали ликвидацијата на Консалтинг Инвестмент син е практично признавање на поразот од Трајковска. 

10.06.2014 - 11:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега