Исчезна „Бентлито“ на Шариќ од српското МВР

Од гаражите на Министерството за внатрешни работи на Србија исчезнал автомобилот „Бентли“ кој го поседува српскиот наркобос Шариќ. Како што пренесува српскиот Курир, Управата за сообраќајна полиција го добила автомобилот на користење откако му бил одземен на Шариќ.

-Се знае дека познатото „Бентли“ е дадено на користење на Управата за сообраќајна полиција и нејзиниот доскорешен началник Драгиша Симиќ. Тој кон возилото се однесуваше како да е негова приватна сопственост. Никој друг од Управата немал можност да го користи. Во текот на истрагата утврдено било дека на возилото му се сменети регистарските таблички, што буди сомнеж дека некој сакал да ги скрие трагите на автомобилот и да си го присвои. Но, се’ ќе се дознае и истрагата ќе обезбеди одличен материјал за обвинителството“, открил извор на Курир.

10.06.2014 - 11:10
Фото: 
курир.рс
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега