Ѕвончето ќе означи крај на учебната година - годинава завршува последната генерација осмоодделенци

За основците и за средношколците денеска завршува учебната година, а со тоа завршува и последната учебна година за последната генерација осмооделенци, бидејќи е воведена деветолетката.

Денеска е и последниот ден од екстерното тестирање, со опфатени вкупно 189 илјади 37 ученици од четврто одделение до трета година во средно образование, како и 18 илјади 126 наставници во 680 основни и средни училишта.

Утре, средношколците што завршуваат четврта година, ќе го полагаат вториот предмет странски јазик, во рамките на државната матура.

10.06.2014 - 10:43
Фото: 
нетпрес
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега