Ќе биде осветен црковниот храм Свети Јован Крстител во Ново Лисиче

Црковниот храм Свети Јован Крстител што се гради во Аеродром е во завршна фаза и ќе биде осветен на 14 јуни. Во моментов се довршува ентериерот на црквата, се доработува фрескоживописот и иконописот, се финализираат деталите, се работи на партерно и хортикултурно уредување на надворешниот простор и илуминација на сакралниот објект.

Храмот Свети Јован Крстител во Ново Лисиче, Скопје, до мостот Близнак на десниот кеј на реката Вардар е донација на Адора Инженеринг и Ванчо Чифлиганец со семејството за општина Аеродром. Храмот е петкуполна црква изградена во духот, според традициите и каноните на Македонската православна црква, висока 16 метри, со камбанарија висока 18,5 метри, фонтана со мозаик и парк за одмор на посетителите.

 

10.06.2014 - 10:38
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа