Отворени вратите за женскиот ракометен меч меѓу Македонија и Германија

Ќе бидат отворени вратите за сите љубители на ракометот за мечот меѓу Македонија и Германија, во рамки на сениорското женско Европско првенство 2014 година, кое ќе се одржи утре на 11 јуни. 

Натпреварот треба да се игра во СРЦ Кале во Скопје со почеток од 17 часот и 45 минути.

Иако репрезентацијата на Германија е фаворит пред овој дуел, Македонките се надеваат дека ќе можат да пружат силен отпор и да изненадат со поситивен резултат.

Двете репрезентации имаат одиграно по два натпревари досега во квалификациите, а Германија има и една победа, онаа над Русија.

Македонија двапати беше поразена од Русија.

На ЕП кое ќе се одржи во декември ќе се пласираат двете најдобри репрезентации од групата. 

10.06.2014 - 10:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега