Ова се заменик министрите во новата Влада на Груевски

Драган Недељковиќ, заменик-министер за култура, Ибрахим Ибрахими ќе остане како заменик на Диме Спасов во Министерството за труд и социјална политика, веќе извесно е дека Јовица Андовски ќе остане заменик-министер за здравство. Вечер дознава дека поголеми поместувања нема да има ниту во фотелјите на замениците-министри. Според наши извори, поголемиот дел од министрите кои веќе втор или трет мандат водат еден ресор, најверојатно ќе си ги задржат и нивните заменици и во наредниве четири години, јавува Вечер.
Веќе е извесно дека Спиро Ристовски во новиот владин состав ќе биде заменик-министер за образование и наука, со цел да остане заменик во ова министерство и со стекнатото искуство да помогне во спроведувањето на многу важни проекти кои се започнати и допрва ќе почнуваат.

Емил Димитриев, според досегашните информации ќе остане генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Димитриев на оваа функција, во услови кога Груевски ја води македонската Влада, е практично клучна фигура во организирањето на партијата.

10.06.2014 - 10:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа