ФОТО: Ова е момчето кое однесе три млади животи во смрт

Ова е 21-годишниот Деспот Враниш кој возејќи со 160 километри на час ги однесе во смрт Милица Лажимирац, Владица Матовиќ и Александар Мариќ, откако удри во нивниот автомобил, пренесе српски Ало. 

Тинејџерите се движеле со Голф, кога на нив налетал Деспот со своето Ауди, движејќи се со огромна брзина, при што за жал ги усмртил на лице место.

Сите кои ги познаваат Милица, Владица и Александар велат дека биле добри деца и одлични студенти. 

За делото кое го направил, 21-годишниот Враниш може да добие и 12 години затвор.

10.06.2014 - 09:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега