Чачак: Убил 27 годишно момче и се заклучил во кафеана - се заканувал дека ќе активира бомба

Со истрел од пиштол сопсвеник на кафеана во Чачак, Србија, вечерва убил 27 годишно момче. Убиството  се случило во дворот на кафеаната каде убиецот седел со убиениот. По убиствто, убиецот  заедно со гостите на кафеаната се заклучил во објектот и по пристигнувањето на полицијата се заканувал дека сите ќе ги убие. Тој тврдел дека има бомба и дека ќе ја активира доколку полицијата не се повлече.
По час и половина преговори со полициските службеници, убиецот решил да се предаде.
Како што пишуваат српските медиуми, тој и убиениот бил пријатели и бизнис соработници. 27 годишното момче имало неколку автомобили во такси компанијата која ја управувал убиецот.
Се претпоставува дека недоразбирања во бизнис релациите се причина за убиството.

 

 

09.06.2014 - 23:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа