Мартич: Во МЗТ Скопје нема пари

Словенечкиот стратег, Зоран Мартич, кој во понеделникот го раскина договорот со освојувачот на двојната круна во македонското првенство, МЗТ Скопје Аеродром, проговорил кои биле причините за заминувањето од Скопје.

Во изјава за „www.sport-tv.si“. Мартич како главна причина ја навел нестабилната финансиска состојба на МЗТ.

„Клубот едноставно не може да ги исполни договорите кои ги имавме. Финансиската ситуација во клубот е крајно неизвесна, одговорните не знаат дали ќе бидат во можност да обезбедат средства за работа, во потрага се по помалку скапи опции“, изјавил Мартич.

Словенецот на клупата на МЗТ седна на 2.декември минатата година, кога го наследи Влада Вукоичиќ, со тимот ја одбрани двојната круна во домашното првенство, а во АБА лигата со скор од 12 победи и 14 порази, во конечното рангирање заврши на деветтото место.

 

 

09.06.2014 - 22:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега