„Шеќеринска е живее во филм на скапи џипови и чанти“

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на Радмила Шеќеринска за телвизијата Алсат. Реакциајта ја пренесуваме во целост.

Конечно после една недела лажење на јавноста, Радмила Шекеринска призна дека ЕУ ја критикува деструктивната политиката на СДСМ, со која му нанесува штета на угледот и евроинтегративниот процес на РМ.

Радмила Шекеринска е политичар кој целата својата кариера ги аминувала штетните политики на нејзиниот ментор Бранко Црвенковски. Таа како и Бранко Црвенковски е подеднакво одговорна за криминалната транзиција, за приватизацијата, за упропастувањето на стопанството, за над 200-те илјади невработени и уште многу други погубни политики на СДСМ.

Таа и денес, заедно со Зоран Заев спроведува деструктивни политики, кои се на штета на граѓаните и на самата Република Македонија.

Очигледно дека Радмила Шекеринска, која го живее својот живот во луксуз, си доделува сама на себе огромни кирии, поседува скапи џипови и чанти, го има во целост изгубено контактот со реалноста. Таа не може да прифати дека политичарите како неа, граѓаните на РМ не ги поддржуваат. Таа е заглавена во една лажна реалност во која само раководтсвото на СДСМ верува, само и само, да се задржи на партиската функција.

 

Затоа никој не ни очекува поинакво однесување и реторика од политичар од старата транзициска школа.

09.06.2014 - 21:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега