Уапсени седум лица кои слиувале 19- годишно девојче

Египетската полиција денеска уапси седум мажи кои вчера силувале на 19-годишно девојче на плоштадот Тахрир во Каиро, за време на свеченостите по повод стапувањето на должност на новиот претседател на Бразил, Абдел Фатах ал Сиси.

По нападот девојчето било примено во болница. Напаѓачите се на возраст меѓу 15 и 49 години.

Снимката предизвика гневни реакции во јавноста, исто како и видеото објавено на новинарските сајтови, во кое репортер на приватна телевизија, кој известувал од плоштадот Тахрир, на водителката на вестите во студиото и вели дека на плоштадот има многу случаи на силувања во текот на свеченостите по повод стапувањето на должноста на Сиси. Водителката на тоа одговара дека насилството најверојатно се должи на тоа што луѓето едноставно „се среќни и се веселат“.

09.06.2014 - 20:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега