Драма во Охрид: Со секири го кршеле ковчегот за да го погребаат покојниот

Порталот „Охрид скај“ јавува за скандал при погреб во Охрид. Имено последната желба на еден охриѓанец, кој долги години живеел во Белгард, била да биде погребан во неговиот Охрид, со рецитал на поемата Т‘га за југ.

Неговото семејство ја испочитувало неговата последна желба, па така со најлуксузно погребално возило, покојникот е донесен од Белград до градските гробишта во Охрид.

Но од тој момент настанал вистински хорор.  Имено од погребалното претпријатие „Две солзи“ од Охрид, кое ги обавувало погребалните активности, поради недоволно ископано гробно место, неможејќи да го постават мртвечкиот сандак во гробното место, пред очите на целата фамилија започнале со секири да го кршат ковчегот. Откако  го искршиле долниот дел и кога на покојникот му се појавиле и кондурите, тогаш успеале да го постават во гробното место.

Присутните на погребот и семејство се згрозиле од ваквиот чин на скрнавење на покојникот, посебно биле згорзени од самиот чин на кршење на мртовечкиот сандак од страна на вработените во погребалното претпријатие „Две солзи “.

09.06.2014 - 20:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега