Самарас го смени министерот за финасии

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска го смени министерот за финансии Јанис Стурнарас и на негово место го назначи професорот по економија и финансиИ на универзитетот во  Пиреја, Гикас Хардувелис, јави ИТАР-ТАСС.

Се очекува Стурнарас, кој во текот на последните две години ги водеше тешките преговори со „тројката“ меѓународни кредитори, да го заземе местото гувернер на Централната банка на Грција.

Мандатот на сегашниот гувернер Јоргос Провопулос истекува во текот на овој месец.

Новиот министер за финансии Хардувелис досега работеше како советник на премиерот за економски прашања. 

09.06.2014 - 19:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега