Кои скопски улици утре ќе останат без струја?

Дел од корисниците од скопското село Грчец, лоцирани на улиците „1“, „2“, „3“, „4“ и „5“ утре од 8:30 до 15 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 6:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од објектите на ЈП „Водовод и канализацијa“ во Карпош IV, a од 6:30 до 7:45 часот дел од корисниците од улицата „Скупи“.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Гарибалди“, „Нов живот“, „Мелничка“ и „Плачковица“ во општина Шуто Оризари.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето се електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД

09.06.2014 - 18:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега